Втора изложба на рачно изработен накит на Филип Митевски

Сподели со своите пријатели

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва ќе се отвори втората самостојна изложба на рачно изработен накит на Филип Митевски.

Loading...

Митевски се занимава со дизајнирање на накит повеќе од пет години, а својот талент го надградува во Софија, Бугарија, каде посетува различни курсеви за рачна изработка на специјална техника на накит.

За изработка на своите дела користи чипка, кожа, кристали и други детали.

Вечерашната втора самостојна изложба се отвора во 19:30 часот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.