Врнежлив викенд со засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е променливо облачно со повремен дожд во западните делови и тоа во Охридско, Лазарополе и Маврово. Во повисоките делови од Пелагонија и на повисоко во Светиниколско имаше засилен претежно јужен ветер, а утринава засилен ветер има во Штипско и Демиркаписко, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Променливо облачно со повремен дожд, претежно во западните делови од земјата. Послаби врнежи ќе има на истокот и само понекаде во централните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој особено на повисоко и вдолж Повардарието ќе засилува. Температурата во интервал од 9 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за врнежи од дожд во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 12 степени целзиусови, а ќе дува и засилен јужен односно југоисточен ветер.

Врнежите ќе продолжат и во ноќта кон сабота пред се на западот, а и во сабота кога ќе бидат поинтензивни и ќе се проследени со засилен на моменти силен југозападен ветер (над 80км/ч). Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.на времето.