Врнежите го вратија водостојот на Пчиња до просекот

Сподели со своите пријатели

Обилните врнежи од дожд што изминатото деноноќие го зафатија регионот на Куманово го вратија водостојот на реката Пчиња до просекот.

Loading...

Нема опасност од нејзино излевање со оглед дека ова е прв поголем дожд по долгиот сушен период на кој беше изложена Македонија.

Вчера водостојот на Пчиња на мерната станица во село Пелинце, кумановско, покажувало 19 сантиметри, додека мерењата утринава околу седум часот покажале водостој од 42 сантиметри.

Денешниот водостој е близу до просекот кој изминатите години го имала реката, а тоа е 41 сантиметар.

Можно е дополнително зголемување на нивото на реката, со оглед дека УХМР, обилни врнежи од дожд најавува и за денеска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски