Врнежи во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Во утринските часови облачноста се зголеми, особено во северозападните делови, каде е значително облачно. Во Скопската и Струмичката котлина има појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според синоптичарите, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат.

Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Куманово утринава е измерена температура од 8 степени, а во текот на денот се очекува истата да достигне 18 со умерено облачно време во текот на целиот ден.

Leave a Reply