Врнежи од дожд и снег и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.

Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 7 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply