Врховниот суд засега нема да се занимава со прашањето за имунитетот на Трамп

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на САД објави дека сè уште нема да го разгледа барањето на неговиот специјален советник и истражител Џек Смит за да се утврди дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде кривично гонет за неговите постапки со цел да се поништат резултатите од изборите во 2020 година во негова корист.

Loading...

Истражителот Смит, кој ги разгледува обидите на Трамп да ги поништи претседателските избори во 2020 година, побара од Врховниот суд веднаш да интервенира поради стравувањата дека ова прашање може да го одложи почетокот на судењето на Трамп, закажан за 4 март, до следните избори во ноември 2024 година, во која поранешниот претседател, оптоварен со бројни судења, има намера да учествува како кандидат на Републиканската партија.

Трамп е значително пред останатите републикански претенденти по популарност, а партиските прелиминарни избори кои одлучуваат кој ќе биде републиканскиот кандидат за претседател на САД ќе следат за неколку месеци.

Врховниот суд веќе се согласи да го разгледа обвинението за попречување на правната процедура што го товари Трамп и 300 други лица кои упаднаа во зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година, под влијание на тврдењата на Трамп дека неговата изборна победа е украдена.

Врховниот суд обично ги одмерува одлуките со месеци, но во ретки ситуации судиите дејствуваат многу побрзо.

Пред речиси 50 години, во времето на скандалот Вотергејт, на судиите на Врховниот суд им беа потребни два месеци да донесат одлука тогашниот американски претседател Ричард Никсон да ги предаде снимките со кои се потврдува дека ја шпионирал опозицијата.

Спротивно на тоа, во 2000 година, на Врховниот суд му беа потребни само неколку дена за да одлучи за победникот на тогашните претседателски избори. Републиканецот Џорџ Буш Јуниор на тој начин го победи демократот Ал Гор.

Весникот „Детроит њуз“ објави снимка од телефонски разговор во кој Трамп врши притисок врз двајца функционери за спроведување на изборите во 2020 година да не ги прифатат резултатите од пребројувањето на гласовите на претседателските избори во американската сојузна држава Мичиген.

Loading...

Персоналот на поранешниот претседател, кој сака повторно да стане таков во 2024 година, ниту ја потврди ниту ја оспори автентичноста на тоа видео, инсистирајќи во соопштението дека сите постапки на Трамп по неговиот пораз кон претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џозеф Бајден, беа во духот на обезбедување фер и чесни избори.

Иако Трамп не престана да повторува невистини за исходот на тие избори од изборите во 2020 година, нема докази за тоа и покрај многуте истраги.