Одлуката на Борис Џонсон да го суспендира парламентот беше нелегална, пресуди Врховниот суд на Велика Британија.
Британскиот премиер го суспендираше или распушти парламентот на пет недели, но судот пресуди дека не е во ред членовите на парламентот да бидат спречени да ги извршуваат своите должности пред Брегзит на 31 октомври.
Главниот судија на Врховниот суд, Лејди Хејл рече дека „влијанието врз темелите на нашата демократија е екстремно“.
Даунинг стрит објави дека „пресудата во моментов е процесирана.
Џонсон тврди дека сакал да го распушти парламентот пред говорот на кралицата за да може да подготви нацрт за новата политика на неговата влада, но критичарите велат дека тој се обидел да ги спречи членовите на парламентот да добијат увид во неговите планови за Брегзит.
„Одлуката да се советува Нејзиното Височество да го распушти парламентот беше незаконска затоа што имаше ефект да го спречи парламентот да ги извршува своите уставни должности без разумно оправдување“, додаде Хале.
Според неа, едногласна одлука на 11 судии ја прекина суспензијата и сега останува на претседателите на Горниот и на Долниот дом да одлучуваат за следните чекори.
Претседателот на Долниот дом Џон Берков ја поздрави одлуката на судот и рече дека парламентот „мора да продолжи да работи без одложување“, додавајќи дека ќе „одржи итни консултации со лидерите на партиите“.
Пресудата уследи по тридневното рочиште во Врховниот суд минатата недела, во кое се разгледуваа две жалби – едната поднесена од директорот на кампањата и бизнисменката Џина Милер, а другата од страна на владата.
Милер се жалеше на одлуката на англискиот Висок суд дека суспендирањето на парламентот е „чисто политичко“ и не е прашање на судот.
Владата поднесе жалба против пресудата на шкотскиот суд дека суспензијата е „нелегална“ и беше искористена за „нарушување“ на парламентот.
Судот пресуди во корист на жалбата на Џина Милер против владата.
Говорејќи откако беше објавена судската одлука, Милер рече дека пресудата „кажува многу“.
„Овој премиер треба да ја отвори вратата за парламентот утре. Членовите на парламентот треба да се вратат и да бидат храбри и смели во тоа барање оваа несовесна влада да прифати одговорност “, додаде Џина Милер.