Времето стабилно но со високи концентрации на загаден воздух

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува умерено облачно и посвежо време со сончеви периоди, а попладне  променливо облачно. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

Loading...

Capture

Максималната температура ќе се движи во интервалот од 5 до 10 степени.

Утре се очекува променливо облачно во претпладневните часови, додека попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Денеска  и утре  под влијание на постуден воздух од север ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време.