Времето денеска сончево и потопло

Сподели со своите пријатели

Неделното утро ќе биде релативно свежо со пониски температурни вредности, додека во текот на денот ќе имаме претежно сончево време, со мала облачност, пишува порталот МетеоПро.мк.

Минималните температури утринава изнесуваа од 0 до 5 степени, додека максималната дневна ќе се искачи во интервал од 12 до 17 степени целзиусови.

Што се однесува до околината на Куманово, денеска ќе имаме сончево време со температура до 12-от степен, а истата во текот на ноќта ќе се спушти до 1 степен целзиусов.

Во понедленик и вторник ќе има релативно покачување на температурите, додека веќе во среда дождот ќе ја намали дневната температура.