Времето денеска со услови за локализиран дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со повремен локален дожд во претпладневните часови во западните и северните делови од државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови во источните краеви можна е и појава на ретки грмежи, а на повисоките планини низ државата можно е да дојде до слаби врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени целзиусови.

Во Куманово и околината се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд во текот на целиот ден и ветер од југоисточен правец кој ќе достигнува брзина до 20 километри на час. Максималната дневна температура ќе се искачи до 12-от степен, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти на 3 степени целзиусови.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во недела попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час, а ќе има и повремен локален дожд, стои во предупредувањето на УХМР.