Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот во западните делови со услови за слаб дожд, а на планините со слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура се очекува да достигне од 10 до 15 степени.

Утре претпладне ќе имаме услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Но, затоа во понеделник времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневните температури.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.