Времето денеска претежно сончево и топло, со услови за слаб дожд

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска во поголемиот дел од државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Loading...

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, пред се во планините и во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 20, а дневната од 30 до 37 степени со УВ индекс 7.

Во Куманово времето денеска ќе биде сончево до умерено облачно, но без услови за дожд. Дневната температура ќе ес движи од минимални 15 до максимални 32 степени целзиусови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.