Времето денеска облачно и релативно студено

Сподели со своите пријатели

На самиот почеток на продолжениот викенд ќе имаме уште ден обчаен и релативно студен ден, пишува порталот за временска прогноза метеопро.мк.

Loading...

Рано наутро во поголемиот дел од Македонија ќе имаме се уште врнежливо време, но станува збор за врнежи со релативно слаб интензитет. Во претпладневните часови, дожд може да се очекува во северниот дел од земјата, пред се североисточниот крај, но станува збор за слаби врнежи. На шарско-корабскио регион се очекува и повремено да провејува слаб снег во раните утрински часови.

Попладневните часови ќе ги поминеме со облачно време, но врнежите ќе престанат, а во текот на вечерните часови веќе облачноста ќе се намалува.

Минималната температура низ котлините ќе изнесува околу осум степени, додека на повисоките места во источниот крај температурата ќе биде околу петтиот степен, додека во западниот околу еден степен целзиусов.

Максималните дневни температури ќе се движат во рамките од девет до 11 степени целзиусови.

Во околината на Куманово денот ќе започне со врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат, но облачното време ќе остане. Дури во текот на вечерните часови таа ќе се намали и ќе настапи разведрување. Ќе дува северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува и до 30 километри на час, а температурата ќе биде од четири степени во утринските часови, додека во текот на денот максималната вреност ќе достигне до 11 степени целзиусови.

Што се однесува до останатиот дел од продолжениот викенд, во сабота ќе имаме претежно сончево претпладне во северната половина од земјата, а јужната и натаму ќе остане под облаци, но кон крајот на денот истата ќе се намали и во јужниот дел и ќе не очекува ведра ноќ. Разведрувањето ќе донесе пониски температури во ноќта, но повисоки дневни вредности.

Па така во текот на утренишниот ден во околината на Куманово ќе имаме минимална температура од само еден степен во утринските часови, но дневната ќе биде во порасти и ќе достигне 14 степени. Нешто потопло ќе биде во недела кога не очекува и повеќе сонце, кога од 2 степени во минимум, дневната ќе се искачи до 17-то степен.

Loading...

Слично време не очекува и со стартот на новата работна недела.

Извори: метеопро.мк/accuweather

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.