Времето денеска нестабилно со услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Свежо и сосема малку облачно неделно утро низ земјава. Но, облачноста уште претпладнево ќе почне да се зголемува во западниот и северниот дел од земјава.

Loading...

Попладне и навечер се очекува значителна атмосферска дестапбилизација, со акцент на интензитетот на врнежите во северната половина од земјата. Врнежите во јужниот крај ќе бидат послаби во однос на оние од север. Местимилно, во северниот крај ќе има услови за релатино краткотрајни серии на пороен дожд, проследен со зачестена појава на грмежи и засилен ветер.

Навечер врнежите ќе бидат почести во источниот крај.

Температурата ќе достигне  вредности околу 36°С во повардарскиот тек, околу 31°С во југозападниот регион и околу 34°С во котлините од источниот крај.

Во Куманово не очекува сончево до умерено облачно време со налети на ветер до 20кm/h. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени, а во вечерните часови ќе настапи дестабилизација проследена со електрични празнења и дожд при што температурата ќе се спушти на 16 степени.

Извор: МетеоПро/AccuWeather


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.