Времето денес сончево со умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните дневни вреднсоти ќе бидат во интервал од 26 до 33 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од северен, односно североисточен правец. Максималната температура ќе изнесува 30 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, претежно во западните делови. Особено топло ќе биде за време на викендот и во понеделник.

http://www.mhc.org.mk/publications/437

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.