Времен сообраќаен режим на патот Куманово – Опае

Сподели со своите пријатели

На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот од денеска до среда во времетраење од 09:00 до 18:00 часот, информираат од Автомото Сојузот на Македонија.

Loading...

Како што додаваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply