Време е за изборно востание: Димитриевски ги повика граѓаните да се приклучат на Движењето ЗНАМ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за претседател на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски преку видео порака ги повика граѓаните да се приклучат на движењето.

Loading...

– Македонија е се што имаме. Време е за обединување. По Илинден и АСНОМ, време е за изборно востание. Приклучете се, рече Димитриевски во видео објавата.

 

 

Во друга видео објава Димитриевски ги претставува дел од оние кои досега ја дале поддршката на движењето, а меѓу нив се: Горан Минчев, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието, д-р Павле Арсовски, генерал мајор во пензија и доктор по историски науки, Виктор Јовановски – приватен стопанственик, проф д-р Катерина Тодороска – редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ, проф д-р Бобан Карапејовски – доктор по филолошки науки и професор на катедрата по македонски јазик при УКИМ, Елена Ристеска – дипломиран политиколог и магистрант на Правниот факултет при УКИМ, Мила Петрушевска – магистрант по казнено право и поранешен претседател на универзитетско собрание не ФОН, Марин Докузовски – поранешен селектор на македонската кошарка.

 

Loading...