Вредноста на Биткоин достигна неочекуван скок

Сподели со своите пријатели

Биткоинот се враќа на нозе, откако во текот на изминатата недела вредноста на криптовалутата падна испод 6.000 долари. Меѓутоа, засега се уште не е сигурно колку долго ќе се одржи моменталниот раст кој оваа криптовалута го има.

Вредноста на виртуелната валута, моментално изнесува 6.622 долари и е во константен благ пораст. Во текот на минатата недела, Биткоинот забележа најниска вредност во последните седум месеци, кога на 24. јуни вредеше 5.755 долари.

Биткоин од милијардери направи милионери

Loading...

Се очекуваше да продолжи падот и потоа, но во текот на викендот неочекува вредноста на криптовалутата скокна, за да во недела еден Биткоин има вредност од 6.545 долари.

Се сугерира дека на ваквиот развој на ситуацијата можело да влијае тоа што продавачите на криптовалути останале без средства, затоа што Биткоинот се спушти за 70 отсто во првите шест месеци од годината.

Сепак, се уште е рано да се зборува за целосно „заздравување“ на криптовалутата, но во последните 48 часа се бележни постојан раст.

Leave a Reply