Враќањето на ТикТок во Америка има „солена“ цена: Трамп бара 50% од гигантот вреден милијарди

Сподели со своите пријатели

Откако апликацијата престана да работи во САД поради безбедносни причини, идниот претседател Доналд Трамп најави враќање на ТикТОк, но побара САД ржави да добијат 50% сопственост преку заедничко вложување.

Loading...

„Искрено, немаме избор. Мораме да го спасиме“, рече Трамп на митингот во неделата пред неговата инаугурација, нагласувајќи дека САД ќе побараат заедничка инвестиција за да ја вратат апликацијата за споделување на кратки видеа што ја користат дури и 170 милиони Американци.

ТикТок испрати порака до корисниците само неколку часа пред митингот: „Благодарение на напорите на претседателот Трамп, ТикТок се враќа во САД“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Времето истекува: Трамп ќе го „оживее“ ТикТок со извршна наредба

Сепак, иако веб-страницата стана достапна за американските корисници, самата апликација сè уште е недостапна за преземање во продавниците за апликации во САД.

Спас за малите бизниси или деловен потег вреден милијарди?

Благодарение на потегот на Трамп, повеќе од 7 милиони мали американски бизниси кои работат преку TikTok ќе можат да продолжат да работат.

Сепак, експертите проценуваат дека вредноста на TikTok би можела да достигне и до 50 милијарди долари, што го прави барањето на Трамп за 50% сопственост исклучително профитабилен деловен потег.

Нова ера за ТикТок

Извршниот директор на ТикТок, Џоу Зи Чу, планира да присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател и на митингот со Трамп во недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои странски лидери ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп?

Интересно, ова претставува целосен пресврт во ставот на Трамп за апликацијата – во 2020 година, тој се обиде да ја забрани поради загриженоста дека компанијата ги споделува личните податоци на Американците со кинеската влада.

Loading...

„Неодамна, Трамп рече дека има „топло место во неговото срце за TikTok“, наведувајќи дека апликацијата му помогнала да ги придобие младите гласачи на претседателските избори во 2024 година“.