Силен земјотрес ги погоди Курилските острови

Сподели со своите пријатели

Курилските острови на Далечниот Исток денес беа погодени од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од шест километри и на растојание од 354 километри од Петропавловск-Камчатски.

Засега нема извештаи за можни жртви и материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Итен состанок на Г7 поради скокот на цената на нафтата. Се разгледува ослободувањето на резервите!