Вработените на ЕВН на волонтерска акција во „Порака наша“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

ЕВН Македонија денеска од Куманово започна со реализација на проектот за корпоративно волонтирање.

 

Loading...

 

Вработените денешното работно време целосно го посветија на хортикултурното уредување, бојадисување на оградата и расчистување на дворното место на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша.

 

Како што изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, целта е да ги научат вработените за општествена одговорност.

За општествена одговорност е потребно да се имаат средства, но многу активности може да бидат направени со човечки ресурси, а не само со имање на големи средства на располагање. Токму затоа го започнуваме овој проект кој ќе трае сигурно барем половина година за да покажеме дека со ангажман и со желба можеме да ги поместиме работите во општеството и треба да бидеме еден пример рпво за нас самите, за нашите вработени, но и нашите да го следат нашиот пример. Започнуваме со една активност денеска во Куманово, но се надевам дека ќе дојдеме до бројка од 100 активности во годината – изјави Петер.

 

Претставниците на Дневниот центар се задоволни од ваквкиот проект, кој велат дека им е од големо значење, но дека истиот треба да биде поттик за другите поголеми компании да помагаат на ваков начин.

Порака наша ја поздравува програмата за корпоративно волонтирање на ЕВН и се надеваме дека во иднина не само ЕВН туку и другите поголеми компании ќе се приклучат во вакви акции, бидејќи навистина општествената одговорност има голема семантика за сите, а особено за ранливите категории. Вие знаете дека Порака наша навистина има одлична соработка со бизнис секторот. Бизнис секторот ни овозможува функционирање на дневниот центар, меѓутоа малите и средните претпријатија не се можни на ваков начин да покажат општествена одговорност, помагаат на поинаков начин. Меѓутоа големите компании во своите програми треба да имаат програми за општествена одговорност бидејќи на тој начин можеме да помогнеме на ранливите категории – изјави Фросина Симоновска, Порака Наша.

Loading...

 

Активностите на волонтерите на ЕВН се во соработка со невладината организација Конект, а истата ќе продолжи и во текот на следниот период низ повеќе градови и региони во државата.