Вработени во Македонска Железница фатени при кражба на облека за бегалци

Сподели со своите пријатели

Хигиеничар вработен и задолжен за чистење на Прифатниот центар Табановце, во текот на вчерашниот ден, забележал како вработени во Македонски железници, земаат облека наменета за бегалците, јавува Регионалниот центар за пријавување со кризи, повикувајќи се на изјава на вработениот.

Откако била забележана кражбата на облека, хигиеничарот повикал полиција, при што е реагирано на лице место, без останати детали за тоа како завршила пријавената кражба во ПЦ Табановце.

Поради немање електрична енергија во кампот, почнувајќи од 22 часот до полноќ, хигиеничарот не бил во состојба да ги препозне лицата од МЖ кои своеволно си земале од облеката распоредена за бегалците во кампот, јавува РЦУК.

Како што стои наведено во дневниот извештај на РЦУК, на Табановце започна и поставување на внатрешна изолација во кујната наменета за бегалците, а започнато е и со поставување на мрежна инраструктура за видео надзор и поставување на камери.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.