Вработена во МВР променила сопственичка структура на автомобил и издала лажна дозвола

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и М.П.(35) од Куманово вработена во МВР-референт за возила поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот во текот на 2013 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист го довел во заблуда оштетениот М.С. на начин што извршиле размена на патничко возило „БМВ“ сопственост на М.С. со патничко возило „Пасат“ сопственост на првопријавениот, а кој се обврзал на оштетениот да му доплати уште 3.500 евра, а купопродажен договор да склучат откако ќе биде исплатена наведената сума, а до тогаш пријавениот да го користи возилото.

По ова, пријавениот без знаење и согласност на оштетениот ги искористил личните податоци на оштетениот од сообраќајната дозвола која била кај него внесувајќи ги во договорот за купопродажба каде впишал дека му исплатил сума од 240.000 денари, а потоа во рубриката продавач се потпишал самиот во негово име.

Ваквиот договор на 27.02.2014 година го употребил како вистинит поднесувајќи го до второпријавената која како референт за возила иако договорот не биле заверен нотарски спротивно на своите службени овластувања го прифатила како вистински врз основа на кој извршила промена на сопственоста на патничко возило „БМВ“ и за истото изготвила сообраќајна дозвола на име на првопријавениот со што му овозможила да се стекне со противправна имотна корист од 3.500 евра, а за истиот износ го оштетила М.С.