Возовите застанаа – машиновозачите бараат плата за јули и август

Сподели со своите пријатели

Железничкиот сообраќај во Македонија е во застој, откако машиновозачите решија да стапат во штрајк, незадоволни како што велат од задоцнетото исплаќање на личните доходи.

Loading...

Возовите не сообраќаат на ниту една домашна линија веќе втор ден, а вонредни возови има само за бранот бегалци од Гевгелија кон преминот во Табановце.

Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСМПМ), бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.

– Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец – изјави претседателот на синдикатот Душко Чакаровски.