Вознемирувачко: Полицајци убија младo момче во инвалдиски колици (видео)

Сподели со своите пријатели

На интернет е објавено вознемирувачко видео од пукотница во Делвар, САД каде четири полициски службеници пукале во инвалид кој бил во колички, но посегнал по својот пиштол.

Loading...

Полицајците биле повикани затоа што тој наводно се обидел да се убие, а тие го затекнале и со прострелна рана. Повеќе пати го предупредиле да ги крене рацете во воздух, но тој не ги послушал.

Во еден момент посегна по својот пиштол, а сите четири полацјци пукаа во него.

Подоцна покрај него го пронашле пиштолот калибар 38, а полицијата на конференцијата рекла дека никој немал намера да го убие некој тој ден. Но, мајката на момчето вели дека не се однесувале чесно кон нејзиниот син.

Џереми бил парализиран од својата 18та година, кога бил ранет со пиштол од страна на неговиот пријател.

Неговата мајка на конференцијата за новинари вели дека на видеото се гледа дека тој воопшто не посегнал по својот пиштол.

  • Зошто него исфрливте од количката со електро-шокер? Зошто не искористивте гумени куршуми за да го спречите? – ги праша неговата сестра полициските службеници.

Шефот на полицијата Боби Кумингс, тврди дека полицајците постапиле исправно, но сепак е покрената детална истрага. Четворицата полицајци засега се поставени на административна должност.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.