Возилото ја пробило оградата: Драма во израелската амбасада во Токио (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден човек е уапсен рано утринава во Токио, откако со своето возило поминал низ барикади и удрил во оградата на израелската амбасада.

Loading...

Според светските медиуми, еден полицаец е повреден.

Наводно, осомничениот го возел својот автомобил низ привремена барикада поставена на крстосницата што води до патот што води до амбасадата, пред да удри во оградата покрај тротоарот.

Несреќата се случила малку пред 11 часот по локално време, на раскрсница на околу 60 метри од влезот во амбасадата.

Полицијата го приведе возачот, маж на возраст од 50 години. Извори од истрагата наведуваат дека тој е член на десничарска група.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Канада собир за поддршка на Израел