Возило на пајак служба урна дрво и оштети автомобил во центарот на Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

И додека несовесните возачи паркираат каде сакаат , а пајак според граѓаните ,,селективно” ги крева возилата , денеска точно на пладне се случи и инцидент при интервенција на пајак службата. Додека го кревале возилот пајакот ги потфатил дрвјата и телефонските жици на улицата Илинденска.

Едно од прописно паркираните возила е оштетено, а скршено е и едно дрво. Случајни минувачи ни испратија и фотографии како тоа изгледаше денеска. За жал и пајак службата во која има и сообраќаен полицаец направиле прекршок движејќи во спротивна насока на улицата Илинденска, која е затворена од полицијата за сообраќај.

преземено од Радио Бум


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.