Возило изгоре во пожар на „Трета МУБ“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автомобил марка „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки рано утринава се запалило на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, случајот е пријавен околу 03:30 часот утринава, при што е утврдено дека станува збор за возило во сопственост на В.С. (61г.) од Куманово.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, од каде информираат дека двајца пожаникари интервенирале во период од 03:30 до 03:50 часот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply