Вози низ огнена стихија за да спаси жива глава (видео)

Сподели со своите пријатели

Околу 23.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови на северот на САД, а еден од нив со својот мобилен телефон го забележал овој страшен настан кој прикажува со каков ужас се соочиле жителите на оваа подрачје зафатено од огромни пламени, кои пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат.

Loading...

Калифорнија е тешко погодена од суша, па горат многу пожари. Огнената стихија проголта 40 илјади хектари и илјадници објекти.

– Немаше ниту чад, ниту пепел по кој би можеле да одредиме од кој правец ни прети огинот, а не слушавме никакви сирени – изјавил авторот на оваа видео снимка.

Како тоа изгледа да се вози низ самата стихија, погледнете од видео материјалот на овој несреќен човек.