ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар- Маврово-Дебар, Гостивар-Стража- Кичево и обратно, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Задолжително носете со себе зимска опрема.