Возел со 150км/час и спиел, го разбудила полицијата

Сподели со своите пријатели

Го спуштил седиштето, го вклучил автоматскиот пилот и заспал, а потоа полицијата го запре додека возел со 140 км на час.
Сопствениците на Тесла сега се веќе познати по глупостите зад воланот, сето тоа поради еден систем-автопилотот.

Полициската патрола во Канада не можела да поведува откако добиле извештај за брзо возење на Tesla Model S. Теслата возела преку 140 км на час, а потоа полицијата виде нешто неверојатно – предните седишта биле спуштени. Да бидат работите уште полоши, возачот и совозачот спиеле. Откако полицијата ги вклучила сирените, автомобилот Тесла автоматски забрзал до 150 км на час.

Loading...

Кога конечно го запреле возилото, утврдиле дека 20-годишник е зад воланот. Тој бил казнет за брзо возење на самото место, а возачката дозвола му била одземена на 24 часа поради замор. По понатамошната истрага и консултација со обвинителот, возачот е обвинет и за опасно возење, што претставува „сериозно дело во кое возачот го вози возилото за да ја загрози јавната безбедност“. Неговата возачка дозвола се очекува да му биде одземена на една година, а тој може да добие казна затвор до пет години.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *