Русија утрово ја нападна Украина со неколку ракети Кинжал, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.
Loading...
На Телеграмскиот канал на украинските воздухопловни сили беше наведено дека ракетите биле лансирани кон регионите Киев, Виница и Житомир, пренесува Интерфакс Украина.
Претходно беше објавено дека Русија лансирала ракети Х-101/555/55 од шест авиони Ту-95МС.
Воздушна закана е на сила на целата територија на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.