Воздухот во Куманово константно загаден од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на 2018 година, воздухот во Куманово константно е загаден, односно надмината е дозволената граница од 50 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух, според анализите направени од потадоците на мерните станици поставени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Загадувањето од почетокот на годината, најголемо било на Бадник, кога присуството на овие опасни честички вовоздухот било скоро седум пати над дозволеното, односно изнесувало 323 микрограми. Според податоците, најголема загаденост на воздухот се бележи во доцните вечерни часови, односно во периодот од 20 часот, па до полноќ.

Доколку два дена по ред се надминува прагот на информирање за ПМ10 честичките и нивната среднодневна концетрација е над 100 микрограми на метар кубе воздух, што е случајот и со Куманово, надлежните препорачуваат да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се превезуваат со едно возило истовремено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва.

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Македонија препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација: деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Општина Куманово започна и емитување на промотивни спотови со цел да им се препорача на граѓните повнимателно да се однесуваат кон животната средина и да се намали загаденоста на воздухот, а воедно како мерки за спречување на овој проблем, локалната самоуправа започна со садење зимзелени дрјва, но и миење на улиците во вечерните часови, кога тоа го дозволуваат температурите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.