Изгубениот град на Александар велики било магично место во кое се пиело вино и во кое фиолозфите разменувале мудрости. Сега, 2000 години по смртта на голмиот воин, археолозите сметаат дека го пронашле тоа митско место.
Научниците прв пат забележале трагови од древна населба уште во 1996 година додека ја набљудувале снимката на Калатга Дарбенд во Ирак кои го направиле американски шпиони. Меѓутоа, поради политички (не)прилики местото не можело да биде истражено се до неодамна, кога современата технологија потврдила дека се работи за град стар два миелниуми во кој се преплетуваат грчки и римски влијанија.
Loading...
Се смета дека тој град го основал Александар Велики во 331 година пред новата ера, а дека го населиле негови 3.000 војници ветерани.
Се смета дека Калатга Дарбанд, чиј назив на курдски значи „дворец на планински превој“,бил на патот на Александар Македонски кога тој тргнал во напад на Дариј Трети во Персија во 331 година.
Предводникот на истражувањето, британскиот археолог Џон Мекгинис, вели дека за време на пролетта целата област била снимана со дрон, а дека со ископување биле пронајдени многу ќерамиди од теракота и грчко-римски статуи, што сугерира дека градот некогаш го населувале поданиците на Александар Велики.
Пронајдена е и монета со ликот на Ородес II, кралот на Партија кој владеел од 57 до 37 година пред новата ера.
Градот го шритела голема градба која се простирала од реката до планината, а вкупно заземала површина од 30 хектари.
Проектот на истражувањето на овој локалитет е дел од 40 милиони долари вредениот план на ирачката влада да ги обнови историските места кои ги уништила Исламската држава. Исто така програмот вклучува доведување група ирачки археолози во Лондон на обука во Британскиот музеј.
Истражувачие сега се во потрага за пишани докази за нивните претпоставки.