Возачот од сообраќајката кај „Чоче“ бил пијан, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишник од кумановско Никуљане е приведен ноќва, откако под дејство на алкохол учествувал во сообраќајката на крстосницата кај м.в. „Чоче“.

– По насока од јавен обвинител, возачот Н.Т. е лишен од слобода затоа што при извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,21 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија претходно од кумановската полиција, во сообаќајната незгода тешко е повреден 48-годишник од Куманово, кој е пренесен на скопските клиники.

– На 01.12.2025 година околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар “Октомвриска револуција” , “Иво Лола Рибар” и Ѓорче Петров” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “поло” со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило “поло” со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Комбинација од сонце и дожд

Во сообраќајната незгода целосно е уништена и семафорската сингализација на дел од крстосницата.

Од МВР велат дека е извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и најавуваат соодветна пријава по расчистување на случајот.

Никола Ивановски