Возач на четирицикл тешко повреден во сообраќајка кај Слупчане

Сподели со своите пријатели

На регионалниот пат Куманово – село Белановце, викендов на влез во село Слупчане, четирицикл “Сестек“ со швајцарски национални ознаки, управуван од О. Ј. (37) од село Лојане, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од полицијата О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општа болница во Куманово.

Увид извршила увидна екипа од Куманово.

Leave a Reply