Воз излета од шини кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Товарен воз излетал утринава од шините кај кумановското село Романовце.

Loading...

Според привчните информации нема повредени, но предизвикана е материјална штета.

Железничкиот сообраќај е во прекин.

– Денеска (28.04.2021) околу 09.10 часот било пријавено дека 14 вагони од товарен воз кој се движел на релацијата од Трубарево до Куманово, помеѓу железничките станици Романовце и Куманово, се излизгале од пругата. Поврдени лица нема, а железничкиот сообраќај е во прекин, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во 13 часот изјава на местото ќе даде и Хари Локвенец, директор на ЈП за железничка инфраструктура.

Повеќе детали наскоро!

Никола Ивановски

Leave a Reply