Воз и камион се судрија во Чешка, еден маж загина

Сподели со своите пријатели

Од околу 35 патници во возот, повеќе од 10 се повредени во несреќата, во која локомотивата и еден вагон излетале од шините. Оштетени се и надземните водови.

Loading...

Возот се движел од границата со Полска кон Прага, кога несреќата се случила на дрстосница во близина на селото Долни Лутинче.

Засега не е јасно како дошло до судирот на крстосницата каде што има бариери за блокирање на патниот сообраќај.

Чешките железници соопштија дека ќе биде потребен цел ден за да се санираат оштетувањата на дел од пругата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета