Воведена вонредна состојба во Гватемала

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Гватемала, Алехандро Едуардо Џаматеи Фалум денеска воведе вонредна состојба во областа Изабал по двонеделните протести против рудниците за никел и судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Loading...

Пред две недели група демонстранти ги блокираа улиците во градот Ел Естор, протестирајќи против рудникот во Феникс, а ситуацијата се влоши последните денови, кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, а таа одговори со солзавец.

Јавниот обвинител Џордан Родас Андраде предупреди дека Уставниот суд во 2019 година му наредил на Proniko, подружница на швајцарската Solway Investment Group, да го прекине ископувањето на никел бидејќи не се консултирала со локалната заедница.

 

 

Претседателот Џамати одлучи да воведе вонредна состојба, наведувајќи ги „дејствата кои влијаат на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, со оглед на насилството на поединци и вооружени групи врз силите на редот и попречувањето на слободата на движење на населението“.

 

Loading...

 

Вонредната состојба треба да трае 30 дена, а ќе вклучува забрана за собири и полициски час, се вели во декретот објавен во официјалниот весник Диарио де Центро Америка.

На потег е Конгресот, кој мора да го „ратификува, измени или отфрли“ претседателскиот декрет во рок од три дена.