Вооружени напаѓачи убија најмалку 22 лица во југозападен Пакистан, на патот што ги поврзува регионите Пенџаб и Белучистан, соопштија денеска локалните власти.
Loading...
„Најмалку 22 лица загинаа, а пет се повредени кога вооружени напаѓачи запреа неколку автобуси, камиони и комбиња на автопатот што ги поврзува Пенџаб и Балучистан“, изјави претставник на провинцијата Белуџистан, Наџибула Какар.
Оваа провинција, најголема и најсиромашна во земјата, е богата со природни ресурси.
Пакистанските безбедносни сили често се мета на бунтовниците кои бараат поголема автономија и контрола врз гасните и минералните ресурси на Белуџистан.