Вооружен грабеж на бензинската пумпа ”Китка петрол” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, денес, поточно во 00,25 часот, на бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во нас. Карпош, две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа, при што едното му вперило пиштол во глава на вработениот и потоа два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзело парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката (околу 7.000 денари), додека другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.

Loading...

Сторителите одзеле повеќе кутии со разновидни цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на НН лицата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.