Воодушевени од барокот: Група пингвини во посета на музеј (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видео од неодоливи животни кои дошле во необична посета на музеј го обиколи светот.

Loading...

Пингвините од зоолошката градина во Канзас неодамна имаа можност да го посетат блискиот музеј за уметност Нелсон-Аткинс. Сите беа воодушевени од тоа колку внимателно ги гледаа барокни и импресионистички ремек-дела додека шетаа по ходниците.

СНИМКА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Нема посетители, па пингвините излегоа на прошетка (ВИДЕО)

Идејата да се донесат пингвините во Музејот, всушност, требаше да биде првоаприска шега.

На 1 април директорот на музејот за уметност „Нелсон-Аткинс“, Џулијан Загазиготја го повикале директорот на зоолошката градина Канзас да се распраша какви се нивните планови да го отворат повторно за посетители.

„Во Канзас Сити, сите доста блиску соработуваме, особено културни институции и непрофитни организации. Се јавив да видам што се случува и кога планираат да ја отворат градината за посетители. Тогаш, шегувајќи се, реков: ‘Можеш ли да ги донесеш твоите пингвини да го посетат музејот малу?’ “, објаснува Загазиготија за Инсајдер.

Кога ќе ја најде вистинската со која сака да го помине животот и го подарува ова – еве како пингвините се запросуваат (ВИДЕО)

Наместо да се насмее, директорот на зоолошката градина веднаш ја прифатил понудата и персоналот на Музејот и зоолошката градина започнале да работат при планирањето на посетата.

Loading...

Главната задача била како да се обезбеди безбедноста на пингвините, но и на уметнички дела.

Вработените во зоолошката градина внимателно го слееле секој чекор на пингвините, кои со големо внимание ги гледаа изложените ремек-дела.

Директорот на Музејот вели дека тие се однесувале исто како и обичните посетители. Тие оделе по ходниците и ги разгледувале сликите.

И ТОА ПОСТОИ: Геј пингвини одгледуваат „подметнато“ младенче

„Тие велат дека просечниот опсег на внимание кај луѓето е од 8 до 10 секунди кога посетуваат големи музеи и мислам дека пингвините беа во тој просек. Тие беа повеќе антропоморфни отколку што очекував од нив“, додаде директорот.

Откако пингвините пристигнале во Канзас Сити од Перу, Загазаготја им зборувал на шпански јазик. Сите очекуваке дека на пингвините најмногу би им се допаднале лилјаните на Моне, меѓутоа, сепак тие покажале поголем интерес за барокното сликарство.

Видеото за посетата на пингвините на Музејот на уметност Нелсон-Аткинс, кое беше објавено на Јутуб, за кратко време собра стотици илјади прегледи.

СЕЛФИ КОЕ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Овие пингвини ќе ви го разубават денот (ВИДЕО)

Loading...

Leave a Reply