Вонредна состојба во Москва по нападот во концертната сала

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Москва, по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во кој загинаа 93 лица, од раните утрински часови е вонредна, а голем број противпожарни и полициски возила има околу сала, јавува репортерот на Танјуг.

Loading...

Во близина на зградата се наоѓаат голем број полицајци кои ја обезбедуваат и не дозволуваат никој да се доближи на 200-300 метри.

 

 

Полицијата врши темелна проверка на целата област, а спасувачите ги расчистуваат урнатините.

Инспектори, криминолозите и вештаците заедно со оперативните единици на МВР и Федералната служба за безбедност вршат увид на лице место.

Од местото на злосторството се собираат физички докази, вклучувајќи оружје и муниција и се вршат сите потребни испитувања, вклучувајќи генетски, балистички и отпечатоци од прсти.

Loading...

 

 

Голем број жители на Москва утринава застанаа во ред за да даруваат крв за повредените во нападот, а билборди со натпис „Скорбим“ (на руски „Жалиме“) беа поставени низ Москва.

Сите јавни настани во Русија се откажани.

Целосно изгоре покривот на зградата на концертната сала, а пожарот кој настанал поради тоа што напаѓачите фрлиле запаливи бомби сега е главно изгаснат, а во гаснењето се ангажирани голем број противпожарни единици, како и хеликоптери.

 

Loading...

 

Репортерот на Танјуг наведува дека околу 6.000 луѓе можеле да се вклопат во салата за да го следат концертот.

Според последните информации, во нападот загинале најмалку 93 лица, а повеќе од 100 луѓе се повредени.

На концертот присуствуваа претежно помлади луѓе.

Во Москва денеска беше соопштено дека во врска со нападот се уапсени 11 лица, меѓу кои четворица директно вклучени во нападот.