Вонредна ситуација на Крим по детонација на муниција

Сподели со своите пријатели

По детонацијата на муниција во магацинот во Џанкој на северот на Крим, воведен е режим за вонредни ситуации од регионален карактер, изјави денеска лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Loading...

„Ние сме во вонредна состојба“, изјави Аксјонов на новинарите, пренесе РИА Новости.

Исто така, како што рече, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од две населени места во зоната на детонација на муниција.

„Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од населбите Мајское и Азовское во областа Џанкој“, изјави Аксјонов за новинарите.

Магацин за муниција на Крим експлодираше рано денеска, при што беа повредени две лица и беше прекинат железничкиот сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем руски напад на божиќното утро, Полска подигна борбени авиони (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.