Вонредна крводарителска акција утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација Црвен крст од Куманово утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во периодот од 9 до 15 часот организира вонредна крводарителска акција.

Loading...

Како што пишува во повикот од организацијата, периодов резервите на крвните единици бележат надолен тренд и затоа секое дарување е добредојдено.

– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв, информираат од ОО на Црвен Крст Куманово.

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот.

Никола Ивановски

Leave a Reply