Вон: Само со роботско колено ќе можам да настапам на следната Олимпијада

Сподели со своите пријатели

Големата ѕвезда во алпското скијање кај жените, Линдзи Вон (САД) изјави дека Олимпијадата во Пјонгчанг речиси сигурно ќе биде нејзината последна во кариерата.

Американка е најголемата фаворитка во дисциплината спуст, откако беше во топ пет на секој од трите тренинзи пред натпреварувањето, кое ќе се одржи утре.

Вон (33) утре ќе се обиде да додаде второ олимписко злато во кариерата по триумфот во спуст во Ванкувер 2010, а потоа планира да се натпреварува уште сезона или две за Светскиот Куп, каде има 81 победи (рекорд кај жените), но го брка постигнувањето на легендарниот Ингемар Стенмарк, кој има 86 успеси.

– Не сум одлучила конечно за Пекинг 2022, но чувствувам дека на 99,9 проценти нема да учествувам. Сепак којзнае. Може да се појави нешто и да го среди моето колено, нешто како роботско колено, за да можам да се натпреварувам уште 10 години. Тоа би било идеално, но сепак е малку веројатно, прокоментира Вон.

Американката скина лигаменти во 2007 година, а подоцна е прогонувана од бројни проблеми со коленото, поради што ја пропушти и Олимпијадата во Сочи пред четири години.

– Сигурно ќе продолжам да се натпреварувам уште во Светскиот куп. Чувствувам задоволство да возам брзо, да се стремам да достигнувам до лимитот на моите можности во спуст. Се надевам само да бидам добро физички. Потребно ми многу напор за да го одржувам коленото во можност за возење во спуст. Искрено кажано се надевам и на медицинско чудо, за да ја продолжам што е можно повеќе мојата кариера, рече таа.

Вон е свесна дека очекувањата се да ја освои титулата во спуст, но не чувствува сериозен притисок, бидејќи е навикната со позицијата на фаворит.

– Јасно е дека станува збор за се или ништо. Затоа не гледам причина да бидам нервозна или да пркосам на тензиите од очекувањата, бидејќи или ќе победам, или ќе изгубам. Во принцип, ако сум нервозна, ќе загубам, па затоа е подобро да не бидам загрижена, рече Вон.

Leave a Reply