Волво ја затвора фабриката за автобуси во Полска

Сподели со своите пријатели

Еден од најголемите светски производители на автобуси, Volvo Buses, инаку дел од шведската Volvo Group, одлучи да ја затвори својата фабрика во југозападниот дел на полски Вроцлав во првиот квартал од следната година.

Loading...

Ќе бидат погодени 1.600 работни места, вклучително и 1.500 во Вроцлав, објави компанијата.

Фабриката Volvo Buses во Вроцлав е отворена во 1996 година, а произведува автобуси за градски и меѓуградски сообраќај, како и луксузни автобуси, пренесува SEEbiz.

Компанијата одлучи да ја затвори фабриката, бидејќи ќе воспостави нов бизнис модел во Европа, кој се покажа како ефикасен и на други пазари, објави полската новинска агенција ПАП.

Така, Volvo ќе го фокусира производството на шасија на автобуси, а ќе користи надворешни компании за комплетирање на каросеријата на неколку типови возила.

Во исто време, Volvo Buses објаснија дека веќе потпишале писмо за намери според кое ќе го продадат својот недвижен имот во Вроцлав на шведската инвестициска групација Варгас Холдинг.

„Со години правиме загуби во Европа. Со новиот деловен модел, кој денес веќе успешно го користиме на различни пазари, ќе ја подобриме профитабилноста и ќе ја обезбедиме нашата долгорочна конкурентност“, изјави Ана Вестерберг од Volvo Buses.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...