Волстрит падна четврти ден по ред

Сподели со своите пријатели

На Волстрит цените на акциите паднаа во четвртокот четврти ден по ред, бидејќи американската централна банка може да ги зголеми каматните стапки повеќе од очекуваното.

Loading...

Dow Jones загуби 0,46 отсто, на 32.001 поен, додека S&P 500 се лизна за 1,06 отсто, на 3.719 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,73 отсто, на 10.342 поени.

Пазарот сѐ уште не е смирен откако ФЕД во средата, четврта сесија по ред, ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени, на опсег од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година.

Каматните стапки би можеле да бидат повисоки од очекуваното

Пораките од централната банка дека стапката на пораст на цената на парите може да се забави во иднина не ги охрабрија инвеститорите бидејќи каматните стапки би можеле да достигнат повисоки нивоа од очекуваното.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел изјави дека на една од следните седници би можела да започне дискусија за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки, но дека се уште е рано за тоа.

„Имаме уште работа, а податоците објавени од нашата последна седница сугерираат дека конечното ниво на каматни стапки ќе биде повисоко од претходно очекуваното“, рече тој.

Јасно е дека ФЕД наскоро ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки, но пазарот на пари сега проценува дека клучните каматни стапки би можеле да достигнат најмалку 5 отсто, додека се очекуваше да бидат меѓу 4,50 и 4,75 отсто на врвот на циклус.

Серијата неодамнешни извештаи од пазарот на труд покажуваат дека пазарот е сè уште силен, па ФЕД треба да продолжи да ја заострува монетарната политика.

Loading...

Растот на вработеноста и платите, имено, го поддржува растот на потрошувачката, што ја поддржува инфлацијата.

Официјалните податоци за вработеноста во САД за октомври ќе бидат објавени во петок, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот.

Од друга страна, пазарот е поддржан од солидни квартални деловни резултати на компаниите.

Досега пријавиле околу 80 отсто од компаниите во индексот S&P 500, а повеќе од 70 отсто ги надминале очекувањата за заработка.

Сепак, тоа главно се должи на намалените очекувања, бидејќи аналитичарите ги намалија своите проценки поради високата инфлација, зголемувањето на каматните стапки и забавувањето на економскиот раст во последните месеци.

Така, аналитичарите во истражувањето на Ројтерс сега проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во третиот квартал се зголемила за 4,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на почетокот на сезоната на објавување на резултатите очекувале раст од 4,5 проценти.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,62 отсто, на 7.188 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,95 отсто, на 13.130 поени, а париски CAC 0,54 отсто, на 6.243 поени.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...