Со премиерната изведба на детската претстава „Волошебникот од Оз“ вечерва кумановскиот театар ќе ја започне својата нова сезона оваа година.
„Волшебникот од Оз“ е претстава за деца, работена по мотивите од истоимениот роман на американскиот автор Франк Лајман Баум, освен забавата носи и мошне поучна порака дека се она кон што се стремиме, можеме да го пронајдеме во себе, само треба да сме чесни, упорни и да не сме себични.
Иако, напишан пред повеќе од 100 години, текстот е се уште актуелен,т ема која со интересни ликови преку возбудливи ситуации трага по вистинските вредности во животот – рече режисерката Бојана Краљевска на денешната прес конференцијата.
Сања Русевска која е дел од актерската постава на оваа претстава вечерва ќе ја игра улога на Дороти, а за претставата вели дека преку песни и игри може да пренесе позитивни пораки до најмладите, но и до повозрасната публика.
За актерката Александра Михајловска голема чест е што ќе ја игра улогата на Страшниот Лав, а воедно на прес конференцијата истакна дека кумановскиот театар ќе има честа оваа претставата да ја одигра по трет пат од своето постоење.
Ги повикувам пред се децата да ја проследат претставата бидејќи навистина заслужуваат да ја погледнат – рече актерот Марко Трајковиќ, кој вечерва ќе се најде во улогата на Плашило.
Тој истакна дека ова е прва негова детска претстава и дека по малку се чувствува возбудено затоа што децата се оние кои најискрено реагираат на квалитетот на изведбите.
Кети Дончевска Илиќ која во претходните изведби ја имала честа да ја игра улогата на Дороти, вечерва ќе се најде во улога на вештерката Гнасна и добрата самовила Зелена.
Големо задоволство е да се работи престава за деца,бидејќи тие се публика која што искрено гледа и се радува и за време на преставата и после преставата.Драго ми е што после извесен период,прво со „Пинокио“,а сега и со оваа престава воспоставуваме систем на подготвки на престави за деца кои сакаме да станат правило,а не исклучок во нашиот театар“-изјави Дончевска Илиќ.
Во актерска улога на вечершната претстава ќе се најдат и Мартин Лазаревски и Горан Илиќ, а истата прв пат во кумановскиот театар е одиграна во 1986 година, а втората изведба била пред 19 години.