Организаторите на Олимписките игри во Токио 2020 година ги претставија униформите за 10.000 волонтери кои ќе го носат олимпискиот факел ширум Јапонија.
Униформите делумно се направени од рециклирани пластични шишиња, кои ги собрала и рециклирала „Кока-кола“ и тие, според зборовите на организаторите, се еколошки прифатливи, пренесува Ројтерс.
Сите медали за Олимписките игри во Јапонија ќе бидат од рециклиран отпад (ВИДЕО)
Олимпискиот факел ќе биде носен низ сите 47 јапонски префектури – од Хокаида на северот до Окинава на југ и скоро сите Јапонци ќе имаат можност да го видат, бидејќи 98 отсто од населението живее на еден час од рутата по која ќе минат волонтерите.
Факелот ќе тргне на 16 март од едно село во Фукушима, а ќе мине крај Окума, каде е сместен дел од нуклеарниот комплекс, како и крај замокот Кумамото, кој претрпел големи оштетувања во силниот земјотрес од 2016 година.
– Олимпискиот факел ќе мине низ области на Јапонија кои напорно работат на опоравување од природни катастрофи, рекла Михо Такеда, член на Олимпискиот комитет и освојувачка на пет медали во синхронизирано пливање.
Олимпискиот факел е скоро па неуништлив (видео)
Факелот ќе мине и низ Меморијалениот парк Хирошима и преку планината Фуџи, пред да стигне на 24 јули на националниот стадион во Токио на церемонијата за отворање на Летните олимписки игри.